Работна маса на која може да заспиете

Работна маса на која може да заспиете

Подготвил: М.Д.

На сите би им годело попладневна дремка по паузата за ручек, но освен што работните маси не се удобни за спиење, шефот најверојатно тоа нема да Ви го дозволи.

работна маса за спиење


Ако сепак Вашиот надреден е спремен дотаму да Ви излезе во пресрет што ќе може да дремнувате на паузи, погледнете ја креацијата на Атанасија Лаивадитоу. Имено, таа била инспирирана од сопствените проблеми кога живеела во тесен стан во Њујорк.
Производот сѐ уште не е достапен да се купи. Погледнете го видеото: