Вработување во ВМРО-ДПМНЕ

Вработување во ВМРО-ДПМНЕ

Стратешките лриоритети на ВМРО ДПМНЕ за периодот 20172020 година се: Зголемување на економскиот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот; интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО; бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото; одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и подеднаков третман на сите пред законот; инвестирање во образование, иновации и информатичка технологија, како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење.



Во следниот период ќе работиме уште поинтензивно и уште попосветено на остварувањето на овие стратешки определби. За таа цел, а заради потребите на Центарот за комуникации на ВМРОДПМНЕ се објавува:

ОГЛАС
за пројавување на интерес на кандидати за професионален ангажман како:

1. Аналитичари (политички, социолошки и економски аналитичари), кандидатите треба да поседуваат:
Диплома за завршено високо образование или да бидат во завршната година ол студиите. без ограничувања кон областа на студии
Одлично познавање на англискиот јазик, лознавање на останати јазици ќе се сметаат за предност
Одлични вештини на пишување и комуникација, сеопфатни познавања на тековните збиднувања во земјата и странство, искуство со статистички и квалитативни анализи
високи аналитички способности како и способност за критичко размислување. Искуство во областа ќе се смета за предност.

2. Графички дизајнери, кандидатите треба да поседуваат:
Диплома за завршено високо образование или да бидат во завршната година од студиите. без ограничувања кон областа на студии
Одлично познавање на англискиот јазик, познавање на останати јазици ќе се сллетаат за предност
Креативност, одлични комуникациски вештини, способност за лесно идентификување на поставените барањата за дизајн, високи знаења за користење на алатки за графички дизајн, (пр. Adobe Photoshop, lllustrator, InDesign, After Effects, Corel Draw и слични). Искуство во објаста ќе се смета за предност.

Какви личности бараме:
Посветени на работата, амбициозни, упорни и темелни
Личности со висок личен интегритет

Кандидатите кои ќе пројават интерес, пожелно е да се членови на ВМРОДПМНЕ или да се поддржувачи на нашите политики и стратешки определби и да ја достават следната докуллентација:
кратка биографија
мотивационо писмо (ова е одлична можност да покажете зошто токму вие сте вистинскиот кандидат)
не подоцна од 28.02.2017 година со испраќање на кратката биографија и мотивационото писмо по електромски пат на; komunikacii@vmro-dpmne.org.mk

Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успеси во минатото и визијата за иднината.

Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција со цел заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани Лице за контакт: Стефан Димовски е mail адреса: stefand@vmro-dpmne.org.mk