Државен испитен центар со реакција до факултети.мк

Државен испитен центар со реакција до факултети.мк

Државниот испитен центар испрати барање за извинување и јавно повлекување во врска со текстот: Проверете дали ги знаете одговорите на прашањата од екстерно тестирање за шесто одделение објавен на 13.02.2017.

Во прилог го објавуваме нивното барање во целост а подолу и одговор на истиот

На следниов линк може да го проследите барањето од ДИЦ

Почитувани,

Ние никаде не наведовме дека станува збор за точен изглед на екстерните тестови, туку само побаравме од своите читатели да си го проверат знаењето и дали ги знаат одговорите на прашањата. Прашањата се извадени од базата која е јавно објавена.

Се надеваме на идна соработка со ДИЦ, во насока на подобрување на знаењето на сите.

Со почит,
Факултети.мк