Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Фејсбук најавува нови промени со кои ќе го подобри човештвото

 

mark

 

Во својот пост кој го објави на неговата Фејсбук страна вчера, Марк Цукерберг ја изнесе визијата за светот за која мисли дека Фејсбук би можел да помогне во нејзиното создавање.


Неговиот коментар вклучува неколку специфичности, а преку широките и амбициозни планови открива како овој технолошки гигант може да придонесе до подобро сфаќање на се` - од тероризмот до лажните вести.

„Денес сме чекор поблиску. Нашите најголеми можност сега се глобално-ширење на просперитетот и слободата, промовирање на мирот и разбирање, извлекување на луѓето од сиромаштијата, забрзување на развојот на науката. На нашите најголеми предизвици исто така им се потребни глобални одговори - како што е искоренувањето на тероризмот, борбата против климатските промени и превенција на пандемијата. Напредокот сега бара да се обединиме, не само како градови или нации, туку како глобални заедници“, пишува тој.

Писмото претставува пресврт од првобитната реакција на Цукерберг на критиките дека Фејсбук филтерите придонеле до силна национална поделба и заострена меѓународна атмосфера после претседателските избори во Америка во 2016 година. Тој призна за погрешните чекори во своето писмо објавено во четвртокот, додавајќи дека Фејсбук работи на промена не својата политика. Исто така, истакна дека Фејсбук ја користи вештачката интелигенција за да му помогне на светот кога станува збор за безбедноста.

Постот го завршува со цитирање на Абрахам Линколн: „Можеме да успееме само со договор“.

Тој се надева дека ќе се изгради нова социјална инфраструктура која би создала свет каков што сакаме за идните генерации.

 
Објавено на 17.02.2017 во категорија Технологија
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook