Попуст за убаво однесување на деца во ресторан

Попуст за убаво однесување на деца во ресторан

Подготвил: Б.Б.


Фискална сметка

Еден италијански угостител нуди попуст од пет проценти  на сметката, ако децата се однесуваат културно и не сметаат наоколу во ресторанот.

„Кога родителите се безобразни, децата сметаат дека може да прават што сакаат. Се качуваат по масите, прават нереди или ги нервираат останатите гости“, вели угостителот Ферари.

Идејата да понуди еден вид едукативен попуст, ја добил откако присуствувал на еден „спектакуларен“ ручек, во едно неделно попладне.

Додека служел на маса со шест возрасни и пет деца, 40-годишниот угостител останал импресиониран од однесувањето на децата: откако завршиле со оброкот, културно се грижеле сами за себе, оставајќи ги родителите намира да го довршат својот оброк.

Сликата од сметката која се рашири на „Твитер“ покажува заштеда од 13 евра. Како возвратен комплимент, семејството оставило бакшиш од 30 евра.