Морничаво: Кошмари претворени во реални фотографии

Морничаво: Кошмари претворени во реални фотографии

Подготвил: Тамара Гроздановски

Фотографот Никола Бруно навидум е сосема обичен млад дечко, меѓутоа неговите ноќи се сосема различни од оние вашите. И застрашувачки.

kosmari

22 годишното момче страда од парализа во спиењето скоро 7 години, со што ги искусува неговите кошмари поживо и појасно отколку сите нас.

Парализа во спиењето е состојба која се случува кога ќе влеземе во РЕМ спиењето. Во оваа фаза, нашето тело се парализира и нè спречува да дејствуваме надвор од нашите соништа, меѓутоа умот на Бруно е буден и доживува страшни халуцинации. Поради тоа, тој страда од несоница и депресија: „Мислев дека сум опседнат од демони“, вели тој.

Меѓутоа, сè се променило кога еден професор во средно училиште му предложил да го документира теророт што го доживува. Од тогаш, Бруно се бори со своите стравови преку фотографијата. „Овој проект ми даде смисла за тоа кој сум јас. Ми даде сила да истраам во животот, да создадам уметност и да разговарам со луѓето. Ми подари уметност; навистина не знам што би бил без него“, вели тој.