Неделна временска прогноза: Следуваат денови со натпросечни температури за овој период

Неделна временска прогноза: Следуваат денови со натпросечни температури за овој период



Денес е понеделник, 20 февруари 2017 година, 51-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:17, а ќе зајде во 17:17 часот. Денот ќе трае 11 часа и 00 минути. Во утринските часови имаме умерено облачно време, а во регионите источно од текот на Вардар се до крајните источни предели претежно сончево и постудено време. Во крајните источни и крајните западни предели како и на планинските превои има појава на погуста магла.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија по посвежото и понекаде магловито утро, во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во источните и југоисточните предели претежно сончево. Попладне намалување на облачноста и претежно сончево време со лоакална облачност насекаде. Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од -4 до 3 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 3 односно до 13 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 9 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник постудено утро со утрински температури кои ќе се движат во интервал од -6 до 2 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални температури од 6 до 14 степени. Во среда претежно сончево со локална облачност и потопло време, утринските температури од -3 до 5 степени, а максималните од 8 до 16 степени. Во четврток и петок сончево и топло време со температури кои ќе бидат високо над просекот за овој период и ќе се движат во интервал од 10 до 18 односно од 11 до 19 степени.

http://weather4all.com.mk