Светот на замрзнатите водопади на Плитвички Езера во Хрватска

Светот на замрзнатите водопади на Плитвички Езера во Хрватска

Подготвил: Тамара Гроздановски

ezera

Еден од најголемите национални паркови во Хрватска се наоѓа токму во близина на Плитвички Езера. Неговата вкупна површина е 295 km2, а површината на езерата е 2 км2. Постојат 16 езера во правец север-југ, кои се протегаат во форма на венец, кои се наоѓаат на планината Капела. Во текот на милиони години, се формирала длабока долина, односно варовнички области на планината, кои се карактеризираат со карстни процеси.

Формирањето на Плитвички Езера исто така е резултат на овие трансформации. Варовниците креирале насипи, прагови и други структури во карстните реки и потоци.

Формирањето на варовници е континуиран процес со кој се формираат различни водопади. Со текот на времето, водата го менува своето корито, оставајќи ја претходната насока сува и подигнувајќи нови формации на друго место. Може да се каже, Плитвички Езера никогаш не се исти.

Линк до галеријата.