Денот кога повторно се заљубив во кафето
Како штотуку диполмиран студент на Академијата за уметности во Фиренца, вратен во Скопје после 4 години, на подолга фамилијарна посета пред да заминам на работа во архитектонско студио во Лондон, се соочив со предизвик – да пијам добро кафе во скопско кафуле.
Јас сум од оние луѓе што тешко фаќаат кривини од своите рутини, па денот ми почнува хедонистички, во кафуле со лаптоп и еспресо.
Обожавам квалитетно еспресо, подготвено внимателно со мерак, процедено низ навремено прочистена машина и сервирано во стилизиран филџан.
Првото нешто по што забележувам квалитетно еспресо е бојата и густината на пената, следно го запазувам мирисот и на крај вкусот потврдува.
Откако се помирив дека во Скопје нема каде да се напиеш еспресо што детално ги задоволува сите критериуми, почнав да одам во кафулиња по случаен избор и да пијам еспресо само колку да се расонам. Никогаш не сум бил од оние што ставаат цело шеќерче во кафето, да ја утепаат горчината и да го с’ркнат на екс само за да почне денот со поголема динамика.
Ако за мене кафе-културата беше бон-тон, во Скопје станав “некултурен“. Се додека не седнав во ресторанот “La Terazza” на плоштад во Скопје. Пријатен амбиент, мирис на италијанска кујна измешан со мирис на кафе – доволно да почнам да редам носталгични Пристигна моето кратко еспресо во бела, мала шољичка со потпис Tonino Lamborghini. Моментот кога повторно го пробав еспресото на Tonino Lamborghini имав ново и омилено кафе- искуство, и тоа сега во Скопје! Тоа беше денот кога повторно се заљубив во кафето!
Tonino Lamborghini е бренд со сигурност кој ќе ви овозможи гурманско уживање во кафето.