Интересна традиција: Таткото пред 22 години бил на летна работа во САД, годинава во истото место ќе работат и синот и ќерката

Интересна традиција: Таткото пред 22 години бил на летна работа во САД, годинава во истото место ќе работат и синот и ќерката

Подготвил: Д.Ф.

Кирил Коцев од Свети Николе во 1995 година бил еден од првите учесници во програмата за студентска работа во Америка, програма преку која над 15.000 македонски студенти досега заминале да работат во САД во летните месеци преку специјализираната компанија „Коузон“.



Семејството Коцеви од Свети Николе на крајот од летово ќе има една многу интересна заедничка тема за разговор – летната студентска работа во САД. Ова семејство може да се пофали со несекојдневен пример. Таткото Кирил во 1995 година бил еден од првите учесници во програмата за студентска работа во Америка, програма преку која над 15.000 македонски студенти досега заминале да работат во САД во летните месеци преку специјализираната компанија „Коузон“. Неговата ќерка Бисера минатата година престојувала во Америка во рамките на програмата Work & Travel, а ова лето таа повторно ќе оди, но сега ќе ѝ се придружи и нејзиниот брат Горазд.

Во компанијата „Коузон“ веќе ги препознаваат Коцеви како семејство со фамилијарна традиција на студентско работење во САД. Таткото Кирил со радост се присетува на периодот пред 22 години кога се решил да замине на летна работа во „ветената земја“.

- Во Америка во тоа време се одеше на потежок начин на аплицирање. Моравме да одиме по американската виза до Белград, а потоа летавме од Софија. Но, како и за сè друго во животот, трудот се исплатеше и јас пристигнав во Њујорк, а потоа и кај мојот работодавец во „Импала Хотел Ин“ во Оушн сити, каде што работев како одржувач на соби – раскажува Кирил.



На почетокотод неговиот престој во САД бил малку збунет, особено поради тамошниот начин на живот кој бил многу поразличен од тој во Македонија.

- Ми требаше време да се снајдам и да почнам да го живеам „американскиот сон“. Работиш, имаш, трошиш, патуваш. Јас навистина уживав во Америка и посетив повеќе големи градови – вели Кирил.



Денес Кирил Коцев е електроинжинер со сопствена компанија. Неговото позитивно искуство, кое постојано им го раскажувал и на децата, најпрво било поттик за ќерката Бисера да се пријави за истата програма. Таа лани добила работа во забавен парк во Висконсин, од каде што се вратила со бројни импресии. Ова лето повторно ќе оди за САД, но овојпат заедно со брат ѝ Горазд. Тие веќе потпишаа договор за четиримесечна работа со новиот работодавец и ќе работат во Оушн сити во Њу Џерси.



- Престојот во Америка беше животно искуство кое многу придонесе да го постигнам она што сум денес. Им препорачувам на младите да ја искористат оваа шанса и стекнатото искуство бидеќи и нив ќе им помогне во животот полесно да се снајдат со работа и да се подготват за прифаќање на сите животни предизвици. Заради сите овие причини, безрезервно ги поддржувам моите деца да патуваат за Америка, да ги одработат летните месеци и со сето искуство да се вратат во Македонија. Ако денес сум студент, повторно би бил учесник во оваа програма и би патувал за Америка – вели Кирил Коцев.

Компанијата „Коузон“ и оваа година ќе поведе неколку стотини млади студенти на летна работа во САД, каде што во текот на 3-4 месеци ќе стекнат ново животно искуство и работни навики. Пријавувањето трае до 28ми февруари.