Изненадување на Модната недела во Њујорк: на пистата се појавија девојки во хиџаб!

Изненадување на Модната недела во Њујорк: на пистата се појавија девојки во хиџаб!

Подготвил: Б.Б.


Манекенки со хиџаб во Њујорк

Минатата сезона индонезиската дизајнерка Аниеса Хасибуан влезе во историјата на модата кога ја претстави својата колекција со хиџаби. Сега таа се одлучи преку перформанс на пистата на њујоршката Модна недела, да одговори на антиимигрантската политика на претседателот Доналд Трамп.

„Ова е можност да се покаже убавината на исламот. Верувам дека сите треба да имаат еднакви можности, особено оние кои имаат талент, страст или способност, затоа што не се сите имигранти лоши. Докажавме дека и тие се убави и дека имаат придонес во Америка“, истакна креаторката.

Во текот на кастингот, на моделите им биле поставувани прашања околу политичките случувања. Една моделка истакнала дека религијата не треба да претставува проблем, и дека не е погрешно кога некој сака подобар живот и образование.

Хасибуан ќе продолжи да ја промовира и да ја шири позитивната слика на жените кои носат хиџаб, тврдејќи дека и тие можат да бидат подеднакво гламурозни како другите жени.

„Имаме мисија и визија да шириме мир, а модата е еден од начините да ги истакнеме преубавите вредности пред светот.“