Оглас за вработување во McCann Скопје... Отворени се 3 (три) работни позиции

Оглас за вработување во McCann Скопје... Отворени се 3 (три) работни позиции



McCANN е во потрага по ПР МЕНАЏЕР, СЕНИОР ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР и МЕНАЏЕР ЗА ДИГИТАЛНИ КОМУНИКАЦИИ
МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

Од кандидатот очекуваме:
Универзитетска диплома
Најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
Искуство од работа во агенција е предност
Искуство во водење на проекти кои вклучуваат различни комуникациски канали
Искуство во организирање на настани
Познавање на политичката, социјалната и економската сфера
Познавање на медиумите и нивната работа
Одлични способносоти за писмено изразување
Одлични презентациски вештини, елоквентност
Одлично познавање на англиски јазик
Способност за аналитичко размислување и расудување, следење трендови
Способност за вршење на повеќе задачи истовремено
Напредно ниво на користење на Microsoft пакет
Подготвеност за тимска и самостојна работа

Одговорности:
Водење на комуникациски проекти за клиенти
Раководење со тимовите во агенцијата вклучени во проектот
Јасно поставување рокови и цели за секоја фаза на проектот, одговорност за имплементација и евалуација на сите фази на проектот
Секојдневна комуникација и координација со клиентите
Пишување материјали наменети за медиумите
Подготовка на комуникациски стратегии и планови
Реализација на планираните активности заедно со членовите од тимот

СЕНИОР ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Од кандидатите очекуваме:
Најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
Одлично познавање на Adobe програмите
генерирање на иновативни креативни решенија
Познавање на техники на припремаза печат и печатење
Активно познавање на трендовите во областа на дизајнот и адвертајзинг
Одлично познавање на англиски јазик
Подготвеност за тимска и самостојна работа

Одговорности:
Создавање на иновативни дизајнерски концепти и решенија
Дизајн на лого, брендирање, изработка на продажни елементи за кампањите (ПОС материјали)
Користење на сите релеватни дизајнерски алатки (типографија, лого, колорит, графика, илустрација, фотографија, 3Д рендеринг) на соодветен начин
Развој на сите креативни решенија за комуникација (офлајн и онлајн)
Обработка на фотографии
Подготовка на припреми за печатење
Комуникација и координација со другите тимови во агенцијата
Разбирање на потребите и барањата на клиентот, брифирање, следење на трендовите

МЕНАЏЕР ЗА ДИГИТАЛНИ КОМУНИКАЦИИ

Од кандидатот очекуваме:
Универзитетска диплома
2+ години работно искуство во интернет маркетинг
Одлично познавање на алатки за интернет маркетинг и социјални мрежи
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на работата во Microsoft Office пакетот (Excel, Word, Power Point)
Креативност, проактивност и желба за работа во тим

Одговорности:
Одговорен за контакт со клиенти за сите работи поврзани со интернет маркетинг и градење на долгорочни односи со клиентите
Развој на дигитални стратегии согласно со специфичните потреби на секој клиент
Изработка на комуникациски планови за различните онлајн платформи
Буџертирање на кампањи и активности
Креирање, следење и оптимизирање на кампањи преку Facebook, Instagram, Twitter, Google AdWords.
Менаџирање на заедниците и репутацијата на клиентите на интернет
Следење и анализа на активностите со користење на алатки како Google Analytics, Facebook, Twitter итн.
Управување со процесот на развој и унапредување на веб страните на клиентите
Спроведување на е-маил кампањи и менаџирање на бази на претплатници
Употреба на СЕО техники за унапредување на онлајн присуството на клиентите
Следење на најнови трендови и нивна имплементација во секојдневното работење

Нудиме можност за развој на вашите вештини, работа за светски познати брендови и компании, како и можност за постојано напредување и усовршување.

Ако сте заинтересирани за некоја од овие позиции и ги задоволувате критериумите, ве молиме испратете ни CV најдоцна до 01.03.2017 година на e-mail адреса: hr@ifmccann.com.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.