Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Семејство од Тетово кое живее со волци: „Тие се како деца, луѓето се опасни“

 
Семејството Исмаили од Тетово, во својата викендичка во подножјето на Шар Планина има несекојдневни миленичиња - волци. Иако се сметаат за крволочни, Алек, Лупо и Луна се разиграни и питоми и доста послушно ги слушаат наредбите на нивниот сопственик, Фадила.

1

Волците по природа избегнуваат било каков контакт со луѓето, а често се сметаат и за непријател на луѓето бидејќи во планинските подрачја ја убиваат стоката. Но, волците на семејството Исмаил се разликуваат од планинските - тие се пријателски настроени, а се случило да наидат на стадо овци кое никогаш не го нападнале.

Во близина на Тетово се наоѓа селото Лешок, а на периферијата на ова место, се наоѓа викендичката на Фадил. Фадил и неговото семејство се грижат за нивните миленичиња уште додека биле малечки. Со нив престојуваат во викендичката, а често ја делат и храната.

„Сето ова е во спортивност на реалноста на човекот во која се тврди дека волкот е лош. Уверен сум дека човек е полош од волкот. Овие волци не ми направија ништо, но луѓето ми имаат направено. Се плашиме од волчјите заби, а не од вооружените луѓе“, вели Исмаил и додава дека доколку на волците им подариш љубов, тие ќе ти вратат уште повеќе.

Пред да ги купи, Исмаили проучувал и следел обуки за тренинг на животни. Вели дека неговите волци комуницираат со знаци и движења и дека човекот е оној кој треба да се обиде да го сфати нивниот јазик, а не спротивно.

2

2

„Како што детето се одгледува со љубов, така и волкот со љубов станува вистински пријател. Но, ние луѓето, како интелигентни суштества, сакаме да тие да не` разбираат но не, полесни е ние да ги разбираме и да делуваме според нивните барања“, објаснува Исмаил.

Многу експерти тврдат дека волците во чопор се однесуваат слично како семејство. Лупо, Луна и Алек почитуваат хиерархија, чиј дел е и семејството Исмаил. По оваа хиерархија, главниот збор го има Фадил, а најдоминантен волк е Алек, кој покажува дека е посилен, меѓутоа никогаш пред Фадил.

4

6

Семејството Исмаили своите волци често ги шета низ селските полиња. Селаните не се бунат, волците на познати личности не реагираат, но кога некој непознат помине покрај нивните ливади тие започнуваат да завиваат се` додека Фадил не им даде знак да престанат.

Алек, Лупо и Луна се хранат три пати дневно но не со живо месо, туку коски. Бараат посебна нега и храна која вклучува и витамини кои им се даваат во зависност од временските можности, за да не заболат од некои болести.

7

8
 
Објавено на 21.02.2017 во категорија Живот
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook