„Златна Бубамара“ за Жаре - Еден на Еден

„Златна Бубамара“ за Жаре - Еден на Еден

И официјално - најгледаното македонско ток-шоу „Еден на Еден“, се закити со уште една Златна Бубамара за забавна емисија на годината. Наградата на Жаре му ја предаде актерот Горан Стојановски попознат како Џемо Биљбиљ, а кога истиот побара нешто за возврат, Жаре извади оригинален Еден на Еден блузон.



“Премногу ни значи кога ќе не пофалат на улица, преку меил, во инбокс или каде и да е. Кога ќе ни речат – дечки најдобри сте! Но, секако ни значи кога тоа ќе го чуеме и од најрелевантната манифестација овие 20 години, Златна Бубамара На Популарноста. Благодариме на публиката и на целата екипа која работи на емисијата” – изјави Жаре, авторот и водител на шоуто кое веќе осум сезони е прв ТВ избор на гледачите.



Во последната „Еден на Еден“ епизода гостуваа токму Атанас и Тино, дел од водителите на Бубамара. Освен за престижната манифестација зборуваа и за своите почетоци, за тоа како се запознале, за дружбата со поискусните актери, но играа и „Безобразни карти“, рапуваа на хелиум и генерално направија одлично шоу со Жаре! Доколку не ја гледавте епизодата на Телма, еве ја и јутјуб верзијата. Во неа ќе ги видите и фантастичните реге тетовчани Conquering Lion, Скопје Смог Аларм и младиот тријатлонец Давид Мијалов. Уживајте!