Пролетни температури во февруари... Временска прогноза до крајот на неделата

Пролетни температури во февруари... Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е среда, 22 февруари 2017 година, 53-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:16, а ќе зајде во 17:18 часот. Денот ќе трае 11 часа и 02 минути.

Денеска денот го започнуваме со повисоки утрински температури и умерено облачно време пред се во централните и северните предели,а во останатите предели е претежно сончево со локална облачност и топло.

МАКЕДОНИЈА – Во среда потопло утро со повисоки утрински температури во однос на вчерашните, кои се движат од -4 до 4 степени. Во текот на денот претежно сончево и надпросечно топло време за овој период од годината. Ќе дува доумерен југозападен и западен ветер, а во централните и источните предели слаб северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 9 до 18 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во раните утрински часови умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а во текот на денот намалување на облачноста и претежно сончево и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 15 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток во Македонија сончево и топло време со дневни температури од 10 до 19 степени. Во петок во утринските и претпладневните часови претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и умерено облачно време со сончеви периоди, со максимални температури од 10 до 19 степени. Во сабота умерено облачно време со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат и дневни температури кои ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 6 до 15 степени. Во недела посвежо утро со утрински температури од -3 до 4 степени, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и температури од 4 до 13 степени.

Weather4all.com.mk