Уште не „загреан“ – Трамп заминува?!

Уште не „загреан“ – Трамп заминува?!

Подготвил: Б.Б.


Професорот кој досега точно го предвидуваше  секој победник на претседателските избори во САД од 1984 година - вклучително и победата на Доналд Трамп, сега пишува книга за тоа како на Трамп му се подготвува импичмент.

tramp

Професорот Алан Лихтман користи низа клучеви за предвидување кој ќе биде следниот американски претседател. Овој негов метод се покажа како вонредно прецизен во изминатите триесеттина години. Лихтман не погрешил до сега. Но, овој пат тој оди чекор понатаму.

„Моментално неговиот фокус е насочен кон 45-иот Претседател на САД, а неговото предвидување не се движи во правец  дали Трамп ќе биде отповикан, туку прашањето е кога ќе се случи тоа“ изјави Шелби Мејзлик, портпаролката на издавачката куќа Харпер Колинс.

Во својата книга „Случајот отповикување“, Лихтман тврди дека Трамп е погодна мета на отповикување заради низа прашања во врска со неговиот однос со Русија, како и потенцијалниот конликт на интереси во врска со неговиот бизнис, се наведува во соопштението.

Дури и ден пред изборите, Лихтман прогнозираше дека Трамп, доколку биде избран, ќе биде отповикан.

„Имам уште едно предвидување“, посочи тој во својата изјава за Вашингтон пост во септември.

„Ова превидување не е засновано на систем, туку врз интуиција. Тие не го сакаат Трамп за претседател, затоа што не можат да го контролираат. Тој е непредвидлив. Тие би сакале да го имаат Пенс – апсолутно податлив, конзервативен републиканец кој можат да го контролираат. И прилично сум сигурен дека Трамп ќе им даде повод да го сменат, без оглед дали ќе направи нешто што ќе ја загрози националната безбедност, или нешто во корист на својот паричник “ беше јасен проесорот Лихтман.