Вработување во Фудбалската Федерација на Македонија

Вработување во Фудбалската Федерација на Македонија

ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Објавува ОГЛАС

За ангажирање на фудбалски тренер за работа со фудбалери во паралелката за фудбал во Спортската академија Скопје паралелка во Тетово. Конкурсот се објавува согласно член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебни критериуми за тренер на ученици во спортска академија.

- Во Тетово се бара 1 (еден) главен тренер;

Општите услови кои кандидатот за тренер треба да ги исполнува се:
- да има завршено најмалку више образование во областа на спортот или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебните услови кои кандидатот за тренери треба да ги исполнуваат се:
- да поседува потврда за најмалку две години клубска работа во соодветната категорија за која е кандидат во последните пет години, или потврда за најмалку пет години работен стаж како тренер со соодветна Б, A или ПРО диплома издадена од Фудбалска Федерација на Македонија,
- да поседува потврда дека не му е изречена дисциплинска мерка од страна на дисциплински орган на Фудбалска Федерација на Македонија во последните пет години,
- да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини и
- да има постигнати резултати во неговата професионална кариера, односно освоено првенство,куп или настап во евро куповите.

Предност при избор за тренер од став 1 на овој член имаат кандидатите кои познаваат најмалку еден светски јазик, што се утврдува преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението AJITE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција на А2 ниво на ЦЕФР (ЦЕФР), односно БУЛАТС; или ТОЕФЕЈ1 ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЈ1 ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или
ДЕЛФ. ТЦФ. ТЕФ, или Гете сертификат.

Сите заинтересирани кандидати своето ЦВ, на македонски, со сите потребни документи во оригинал (освен тренерската диплома која може да е копија), да ги достават до Фудбалска федерација на Македонија по пошта на адреса, или лично во архивата на ФФМ во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето:

Фудбапска Федерација на Македонија Бул. АСНОМ6. 6. нас. Ново Лисиче, 1000 Скопје со назнака за Тренер во паралелка - фудбал во Тетово

ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ФИЛИП ПОПОВСКИ
Генерален Секретар
ФИЛИП поповски