„Instagram“ воведува нова интересна опција

„Instagram“ воведува нова интересна опција

Подготвил: Тамара Гроздановски

инстаграм

„Instagram“ воведува нова функција која ќе ви овозможи да направите галерија од 10 фотографии и видеа во еден пост.

Функцијата која ќе биде достапна и за „Android“ и за „iOS“ во текот на претстојната недела, ќе ви овозможи да прикачувате неколку фотографии во галерија. Кога ќе поставувате фотографии, ќе можете да задржете на фотографијата за да го промените редоследот на вашите постови, а потоа можете да додадете филтри.

Вашите пријатели ќе можат да ги разгледуваат фотографиите со помош на сините точки под секоја фотографија.