НАСА ќе испраќа астронаути на лет околу Месечината со новото вселенско летало

НАСА ќе испраќа астронаути на лет околу Месечината со новото вселенско летало

Подготвил: Маја Пероска

НАСА планира да испрати луѓе на првиот интегриран лет од новиот „Space Launch System (SLS)“ и „Orion“ вселенското летало кој е закажан за крајот на 2018. Иако до сега, најчесто се испраќале летала без луѓе, сепак овој потег не е нечуен, бидејќи уште во 1981 година беше лансирано леталото „Space Shuttle Colombia“ со две лица.


Мисијата е наречена „Exploration Mission 1 (EM-1)“ и до сега поминала низ неколку значајни промени. На почетокот, планот бил да се испрати беспилотно летало на месечината, но сега ќе биде додаден и екипаж. Бројот на лицата од екипажот уште не е утврден, но во леталото е возможно да бидат присутни само шест лица.

Мисијата ќе трае околу три недели, со шест дена поминати во лунарната орбита, што го прави овој лет еден од најамбициозните во историјата на вселенски патувања.

Ова ќе биде човековото прво вселенско летало дизајнирано за користење надвор од системот Земја-Месечина.