Оглас за вработување во Стопанска комора за информатички  и комуникациски технологии

Оглас за вработување во Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии

МАСИТ има потреба од Проект / ПР Асистент кој ќе спроведува проектни активности, планира, развива и спроведува програми и услуги дизајнирани како дел од одреден проект имплементиран од страна на МАСИТ.

Проект / ПР Асистентот директно му одговара на Извршниот директор, за доделените должности и одговорности предвидени со описот на ова работното место.

Должности и одговорности

Услуги и проекти:

Организирање и договарање јавни настани, форуми и конференции за медиуми со цел да се промовираат проектните активности имплементирани од страна на МАСИТ.
Превземање на маркетингот на социјалните медиуми и ПР активностите на МАСИТ.
Помагање во собирање на податоци и информации, и спроведување анализа на трендовите во ИКТ индустријата.
Собирање на информации за поддршка на подготовка на говори, презентации, брифинзи и извештаи до медиумите.
Пишување извештаи за извршените активности.
Ангажирање во сите услуги на МАСИТ и тековни активности.
Промовирање на пазарот на производи и услуги.
Воспоставување и одржување блиска комуникација со владите, општините, коморите, бизнис асоцијациите, организациите за образование, истражувачките и донаторските институции во однос на стратешките цели на МАСИТ.
Соработка со здруженијата на ИКТ секторот на меѓународно ниво и истражување на начините на кои МАСИТ би можел да ги користи нивните информации и услуги во корист на членството.
Солидно познавање на различни донаторски програми и механизми за финансирање, и искуство во изработка и спроведување на проекти финансирани од донаторски институции.

Потребни квалификации:

Универзитетска диплома (Економски факултет, Новинарство или друго образование од соодветната област) и најмалку 3 години искуство со проектен менаџмент или 3 или повеќе години искуство во истражување, организирање со настани и / или волонтерски менаџмент со непрофитни организации.
Големо искуство во социјален маркетинг и ПР активности.
Одлични писмени и усни комуникациски вештини на македонски и на англиски јазик.
Стратешки и креативен карактер, способен да развие и имплементира иновативни решенија кои ќе ги задоволат потребите на различните чинители со кои соработува МАСИТ.
Способност за самостојно дејствување и давање приоритет на различни проекти во секое време.
Силни компјутерски вештини (office pack, познавање на веб администрација и интернет алатки).

Ве молиме испратете ги вашите биографии на следнава e-mail адреса: contact@masit.org.mk најдоцна до 01.03.2017 година.