Огромни „небесни реки“ предизвикуваат хаос во Калифорнија

Огромни „небесни реки“ предизвикуваат хаос во Калифорнија

Подготвил: Б.Б.


Небесни реки во Калифорнија

Оваа зима е највлажната во Калифорнија во последните децении, со појава на рекордни бури и дождови ширум земјата. Научниците ова го поврзуваат со еден необичен феномен познат како атмосферски или небесни реки – тесни коридори со концентрирана влажност во атмосферата, во кои се формираат облаци кои содржат и до 15-пати повеќе вода отколку реката Мисисипи.

За оние кои не чуле за атмосферските реки или пак сметаат дека се обични „дождови“ – се работи за единствено движење на влажноста низ атмосферата на Земјата и одговорни се за хоризонталниот транспорт на влажноста надвор од тропските краишта.

Овие „лебдечки облаци“ од влага со големина која достигнува и до 400-600 километри, се главна причина за сите седум поплави на калифорниската Руска река во периодот меѓу 1996 и 2007 година, а се претпоставува и дека беа фактор и на „Снежното убиство“ кое во 2010  го погоди источниот брег на САД.

Научниците предводени од  Двејн Валајзер, експерт за атмосферски истражувања во Лабораторијата за млазен погон на НАСА, утврдија дека големите атмосферски реки се одговорни за 75 проценти од сите екстремни бури на бреговите низ светот како и за половината од најсилните налети на ветер забележани во последните 20 години.

Минатиот месец во поголем дел од Калифорнија беше прогласена вонредна состојба, а во делови од Заливската област на Сан Франциско врнежите беа за 200 проценти поголеми од просечните. Засега нема навестување за намалување на овој феномен, па тревогата за опасност од поплави во Калифорнија сè уште е во сила.