Словенечки државник сменет од функција поради пропуст пред камерите

Словенечки државник сменет од функција поради пропуст пред камерите

Подготвил: М.Д.

Пред неколку дена Словенија ја потресе скандал кога еден државен функционер е  сменет од позицијата затоа што не знаел да одговори на новинарското прашање.

словенски државник


Тилен Смолникар, шеф на секторот за обновлива енергија во Министерството за инфраструктура не знаел да одговори на обично прашање пред ТВ камерите и новинарката Леа Мајцен. Неа ја слави цела Словенија затоа што успеала во нешто што не успеале сите колеги на функционерот во целата нивна кариера.

„Само користевме најјако новинарско оружје, а тоа се прашањата. Првин мислев дека е нервозен, затоа што и јас некогаш сум нервозна пред камерите, а потоа ми стана јасно дека тој не знае да одговори. Потоа одлучивме во редакцијата дека на таков државник тоа не смее да му се случува, затоа што навистина стануваше збор за основно прашање,“ одговорила студентката и новинарка Леа Мајцен.

Имено, таа го прашува колку средства има за располагање во неговиот сектор.