Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Воспитувањето на децата денес и пред 30 години: „Немој два пати да повторувам!“

 
Родителството се менувало низ годините, меѓутоа најголемата разлика се чувствува во последните 30 години. Еве што некогаш слушавме ние и како се однесувавме ние, а како денес се однесуваат и родителите и децата.

деца

#1
80-те: Колку се извалка, сигурно убаво си играше надвор. Стави ги алиштата за перење.
Денес: Да не ти текнало да се извалкаш надвор! Немој да скокаш, немој да трчаш, немој да се влечкаш на земја!

#2

80-те: Не може да станеш од маса се` додека не го изедеш она што ти е ставено во чинијата.
Денес: Не го сакаш тоа? Сега ќе ти приготвам нешто друго.

#3

80-те: Ако ти остане ситно, купи си „Чунга Лунга“.
Денес: Во корпата веќе стави пет чоколада, ова ти е последното.

#4
80-те: Врати се дома, не може да останеш толку доцна надвор.
Денес: Тргни се од компјутерот и оди малку надвор.

#5
80-те: Наставничката те казни? Веројатно и си заслужил.
Денес: Утре веднаш одам кај директорот. Не може така да се однесува кон моето дете.

#6
80-те:
Се скара со Марко? Ок, ќе го решите тоа сами утре.
Денес: Марко ти викаше? Сега ќе му се јавам на мајка му!

#7
80-те:
Цртаните пред дневникот и веднаш в кревет!
Денес: Веќе два часа гледаш телевизија. Помина 10 часот, ајде на спиење.

#8
80-те:
Возрасните секогаш треба да ги поздравиш и да им кажеш: „Добар ден“.
Денес: Немој да му се обраќаш на никој што не го знаеш.

#9
80-те: Си ја скрши омилената играчка? Сега ќе научиш подобро да се грижиш за своите работи.
Денес: Те молам, немој да плачеш, ќе оди тато во продавница да ти купи иста таква.

#10
80-те:
Почитувана другарке, Иван малку кашла, но сепак го пуштив на училиште.
2015: Ало наставничке, Иван малку кашла, оваа недела нема да дојде на училиште.

#11
80-те: Не ме интересира како е кај Марко, мене ме интересираш ти и твоето однесување.
Денес: Ако Марко има/смее, тогаш ќе има/смее и моето дете!

#12
80-те:
Памет во главата!
Денес: Веднаш јави ми се на мобилен ако има нешто...

#13

80-те: Ако не учиш ќе копаш канали/ ќе чистиш вц/ќе бидеш ѓубреџија.
Денес: Ако учиш, мама и тато ќе ти купат што сакаш.

#14
80-те:
Немој два пати да повторувам!
Денес: Смири се и јади. Смири се. Јади. Те молам, смири се и јади. Ме слушаш? Смири се малку. Јади.

#15
80-те:
Не ме интересира кој е виновен. Исчистете го убаво и поправете го.
Денес: Бегајте во собата да го исчистам нередот што го направивте!
 
Објавено на 23.02.2017 во категорија Живот
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Живот