Времето денес и прогноза за викендот што следува

Времето денес и прогноза за викендот што следува

Денес е четврток, 23 февруари 2017 година, 54-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:16, а ќе зајде во 17:18 часот. Денот ќе трае 11 часа и 02 минути.

И ова утро во Македонија имаме претежно ведро и топло време, само во североисточните предели имаме појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува сончево, ветровито и надпросечно топло време за овој период од годината. Ќе дува доумерен југозападен ветер кој во западните предели ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес сончево, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 16 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок наутро и претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста која што во текот на ноќта петок кон сабота и во сабота ќе услови преодна дестабилизација на времето. Утринските температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни од 10 до 19 степени. Во сабота облачно време со врнежи од дожд и посвежо со пад на дневните температури. Над 1200 метри со слаби врнежи од снег. Утринските температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 4 до 13 степени. Во недела во утринските часови врнежите ќе престанат и во текот на денот ќе преовладува претежно облачно и свежо време со температури од 4 до 12 степени. Во понеделник умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Утринските температури од 1 до 8 степени, а максималните дневни од 7 до 15 степени.

Weather4all.com.mk