Како би изгледал животот на пронајдените планети поволни за живот?

Како би изгледал животот на пронајдените планети поволни за живот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

планета

Лиса Калтенегер, еден од водечките светски експерти на полето на егзопланети и потенцијал за постоење на живот во вселената и директорка на Институтот „Карл Сејган“ на Корнел универзитетот, објаснува како би можел да изгледа животот на новооткриените планети.

Во нејзините трудови „UV Surface Habitability of the TRAPPIST-1 System“ и „Biofluorescent Worlds: Biological fluorescence as a temporal biosignature for flare star worlds“ таа го истражува животот под силно ултравиолетово зрачење, какво што најверојатно има на планетите од системот Трапист-1.

„Пронаоѓањето на повеќе планети е важно откритие бидејќи значи дека можеби постојат повеќе планети поволни за живот отколку што претходно мислевме. Исто така, пронаоѓањето на овие планети дефинитивно ги зголемува шансите да пронајдеме нов живот. Всушност, Трапист-1 го држи рекордот за систем со најмногу терестрички планети. Нашиот систем има само две - Земјата и Марс. Животот е дефинитивно овозможен на овие светови, но веројатно изгледа сосема различно бидејќи на површината на овие планети владее ултравиолетово зрачење“, вели таа.

Ако ѕвездата е активна, како што покажува нејзиното рендгенско зрачење, тогаш на планетите им е потребна озонска обвивка, за да ја заштитат површината од ултравиолетово зрачење, кој животот би го направил невозможен. Ако планетите околу Трапист-1 немаат озонска обвивка, како што бил случајот со младата Земја, животот би морал да се крие под земјата или во океаните за да преживее и да развие стратегии да се заштити од зрачење.