Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
date-icon Активен до: 22.03.2017
 

Конкурс за БЕСПЛАТЕН КУРС за инженерски помошници во машинството

 

Академија Микросам, Прилеп организира конкурс за бесплатен курс за инженерски помошници во машинството. Курсот ќе започни на 10.04.2017год. Ќе се изучуваат следните предмети:

• Инженерска Математика и Физика;
• Структурна анализа;
• Техничко цртање и моделирање;
• Машински елементи.

Предавањата во текот на курсот ќе ги држат универзитетски професори и искусни и докажани машински инженери. Микросам АД на учесниците им ги обезбедува сите услови за посетување на курсот, како и соодветна пракса во просториите на Микросам АД.

Сите заинтересирани кандидати треба да имаат основно познавање од англиски јазик и средношколска математика.

Изборот на курсисти ќе се одвива преку влезно селекционо тестирање кое ќе се спроведи на 23.03.2017, а ќе се тестира логичко размислување, математика, англиски јазик и инженерски предиспозиции.

Конкурсот трае до 22.03.2017.


Пријавете се на 075 226 411; 048/400 100, 400 089.
akademija@mikrosam.com

Искористете ја оваа неповторлива можност да станете дел од тимот на Микросам АД.

МИКРОСАМ АКАДЕМИЈАТА НЕ ДОДЕЛУВА ДИПЛОМИ. УЧЕСНИЦИТЕ НА КУРСОТ ЌЕ СЕ ЗДОБИЈАТ СО ЗНАЕЊЕ И ПОМОШ ВО ПРОНАОЃАЊЕ НА СВОЈАТА ИДНА КАРИЕРА
date-icon Активен до: 22.03.2017
 
Објавено на 24.02.2017 во категорија Препорачани огласи
 
 

Издвојуваме

Препорачани вести од Facebook