Научниците создале нов материјал - најефикасна пена во светот

Научниците создале нов материјал - најефикасна пена во светот

Подготвил: Маја Пероска

Научниците покажаа дека дизајнот на нивниот 3Д метамеријал е првата структура од тој вид која ја достигнува теоретската граница за цврстина.


Материјалот наречен „Исомакс“, е цврста површина базирана на повторувачка формација на геометриски формирани ќелии. Ваквата структура е пример за она што се нарекува хетероген материјал, изработен од различни компоненти. Иако „Исомакс“ е претежно воздух и празен простор, сепак е најцврстиот композит некогаш дизајниран.

Неговите креатори преку пресметувања покажале дека оваа структура ги достигнува границите на еластична цврстина. Материјалот уште не е пуштен во производство, но според истражувачите е отпорен на сили на уништување, а формата обезбедува стабилност.

Следниот чекор на тимот е да го истражува потенцијалот на овој материјал. Ќе се спроведуваат лабораториски тестови, а ќе се испитуваат и можностите за овој материјал да се произведува во поголеми количини, како и која би била неговата намена.

Откритијата се објавени во „Nature“.