Оглас за вработување во Сарафешн... Огласот важи за Скопје, Охрид и Битола
Друштвото ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ постои од 1999 година. Сопственик е на ланецот продавници Сарафешн во Македонија и Србија и официјален застапник за брендот Пенти во Македонија.
ДЕ-ТА е лидер во регионот по снабденост со чорапи, хулахопки и долна облека.
Посветени сме на развој, наградување и на задржување на своите вработени и за таа цел компанијата обезбедува структуирани процеси, процедури, ресурси и работно опкружување кои ќе го извлечат најдоброто од Вас.
.
ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ објавува
оглас за
Продавач за продажните места во
Скопје, Охрид и Битола
Потребни квалификации
1.Минимум cредно образование
2.Претходно работно искуство на иста или слична позиција од минимум една (1) година
Одговорности и задачи:
1.Продажба на производите
2.Административни активности поврзани со процесот на продажба
3.Извршување на работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место.
Способности и професионални вештини:
1.Изразени комуникациски способности
2.Желба за учење и надградување на индивидуалните способности
3.Подготвеност за тимска работа и работа во динамична работна атмосфера.
4.Познавање на работа со MS Office (MS Word, MS Excel)
5.Основно познавање на англиски јазик
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, да аплицирате со пополнување на on-line апликациската форма:
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни!
Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.