Писмото од поранешната девојка доби креативен одговор

Писмото од поранешната девојка доби креативен одговор

Подготвил: Тамара Гроздановски

На социјалните мрежи започна да кружи писмо од девојка која му го испратила на нејзиното поранешно момче, меѓутоа тој имал сосема друга замисла.

1

Кога Ник Луц го добил писмото од неговата поранешна девојка, во кое таа се извинува и му вели дека сака повторно да бидат заедно, тој одлучил непристрасно да го оцени писмото, како наставник од училиште. Конечната оценка била два минус.

2

3

Ник зел во предвид се`, од квалитетот на воведот и заклучокот, правописните грешки до ракописот. Тој со црвено пенкало ги обележал деловите од текстот кои се погрешни и ги напишал своите замерки, а потоа писмото го поставил на Твитер.

4

„Предолг вовед, краток заклучок. Хипотезата без дадени докази. Доколку сакаш да ти веруваат, дај докази“, се само дел од замерките на Ник.