Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

„Младите се нарцисоидни и мрзливи, а за тоа се виновни родителите!“

 

Сајмон Синек

Millenial“ односно „милениумска генерација“ претставува лице или цела генерација родени меѓу крајот на 70-тите и почетокот на двеилјадитите, односно лица кои моментално се од 15 до 40-годишна возраст.

Шефовите ширум светот мака мачат со своите вработени од оваа генерација: велат дека ги збунуваат своите надредени, постојано  сметаат дека заслужуваат повеќе и дека се нарцисоидни, мрзливи и тешки за  соработка.

Според мотивацискиот говорник и автор, Симон Синек, ваквото однесување е резултат на промашени родителски стратегии. Тој во интервју за „Independent“ вели дека родителството, во комбинација со социјалните мрежи, работната средина и нетрпеливоста, создадоа генерација која е оптоварена со ниска самопочит.

Според Синек, родителите на „милениумците“ дури сега сфаќаат дека нивните стратегии на воспитување не го дале очекуваниот резултат: „Тогаш  алчноста  беше добра работа, а родителите ги воспитуваа своите деца да бидат индивидуалци и да се ставаат себеси на прво место. Тие, исто така, ги присилуваа да имаат најдобри оценки и да се фокусираат на скалата на успехот и на заработувачката, што ги направи да бидат збунети“.

Синек истакнува дека познава „милениумци“ кои бараат унапредување, отворено признавајќи дека сакаат само титула, без зголемување на платата. Причината за тоа е потребата да го објават унапредувањето на „Фејсбук“ или „Линкдин“, за да покажат пред јавноста дека имаат успешна кариера.

Иако истражувањата покажуваат дека „милениумската“ генерација има висока самодоверба,  таа честопати преминува во нарцисоидност и потреба  за потврда на квалитетот кои доаѓаат од другите. „Извештаите за самодоверба и начинот на кој  се манифестира истата, се различни работи“, вели Синек.

Тој верува дека ниската самодоверба не е милениумска грешка, туку  проблемот е во преголемата грижа за туѓото мислење: „Милениумците велат дека сакаат повратна информација за својот труд, но тие всушност сакаат пофалба и да им се каже дека добро работат, а при критика се вознемируваат, па даваат и оставка“.

И не се само родителите виновни. Синек верува дека растењето во ера на социјалните мрежи  носи голем дел од  вината за константната потреба  за пофалби и неспособноста за снаоѓање со критиките. „Бројот на лајкови и следбеници стана нова општествена валута, а имиџот на интернет, единствената цел.“

Социјалните мрежи создадоа неверојатно нетрпелива генерација која сака брзи постигнувања. Дополнително, денешното корпорациско опкружување кое повеќе се грижи за бројките отколку за работната сила, не помага во создавање на работни навики и уживање во долгорочни работни места.

„Апсолутно ги поздравувам милениумците и сите други кои сакаат да направат промени. Но, се плашам кога велат дека сакаат да го променат светот не знаат како да го постигнат тоа. Кога ќе разберат и сфатат што точно сакаат да работат и да променат, полесно ќе најдат работно место.“

Синек смета дека е многу важно да се зацврстува самодовербата низ помагање на другите затоа што компаниите и корпорациите се презафатени за да го направат тоа.

Главната порака на Синек кон милениумците е дека мораат да градат врски. Градењето на здрави и силни врски со другите луѓе, носи чувство на среќа, успех и инспирација.

„Ние сме општествени животни, а врските се јадро на уживање, среќа и успех во животот.“
 
Објавено на 26.02.2017 во категорија Култура
Подготвил: Б.Б.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook