Научници: Не постојат духови

Научници: Не постојат духови

Подготвил: Маја Пероска

40 % од Американците веруваат во духови. Но, сега водечки научник можеби го потврдува нивното верување. На границата од Швајцарија и Франција, постои подземен објект кој е еден од најголемите научни достигнувања.


Користејќи спроведувачки магнети, научниците реализирале експеримент во кој креирале судир на протони речиси со брзина на светлината, па создале мали верзии на „Биг Бенг“ теоријата. Научниците снимиле со што резултирале новите честички по судирот. 

10 илјади научници од 100 различни земји работаат заедно во хармонија. Религијата и науката не се согласуваат баш во текот на вековите. Но, денес науката е уште еднаш под лупата на мислењата на популацијата. Еволуцијата, климатските промени, па дури и вакцините се тема на скептиците. Многумина ги обвинуваат и „CERN“, дека научниците се дел сатанистичка човечка жртва, заради тематиката со духовите. Но, тие велат дека воопшто и не дебатираат за таа тема, бидејќи духовите не постојат. Научниците тоа го објаснуваат со фактот дека доколку духовите постојат би имале одредена фреквенција или честичка со која би ги поистоветиле, а би одговарала на човекот и телото за кои некогаш биле поврзани. Но, и со денешната технологија не е откриено ни приближно нешто што укажува на нивно постоење.