Физички феномен може да помогне во предвидувањето на земјотресите

Физички феномен може да помогне во предвидувањето на земјотресите

Подготвил: Маја Пероска

Земјотресите се случуваат онаму каде што има ненадејно ослободување на енергија од обвивката на Земјата, предизвикувајќи тресење на површината.


Потешко е да се набљудуваат од вулканските ерупции, но се користат некои техники како ласерски зраци за да се детектира движењето. Благодарение на најновото истражување, научниците на Универзитетот во Пенсилванија веруваат дека имаат нов увид во тоа зошто земјотресите се случуваат, па тоа може да помогне во предвидувањето кога одреден земјотрес би се случил.

„Стареење“ е феномен кој се занимава со количината на временските материјали кои се во контакт едни со други. Основното правило е дека што подолго материјалите се во контакт, поголема сила е потребна за да ги придвижи. Отпорноста на движењето се нарекува статично триење и може да биде креирано во линијата каде што се случува земјотресот. Со ова, може да се откријат помалку фреквентните земјотреси со катастрофални последици.

Истражувачите го испитувале ова со години, но на нивните теории и модели им недостигаат конечни заклучоци, бидејќи тие се занимавале со макроскалата, а не наноскалата на карпите кои ги проучувале. Макроскалата обрнува внимание на примерок од материјалот, додека пак наноскалата се занимава со неколку атоми.
Во новата студија, истражувачите поставуваат различни количини на сила на материјалите, користејќи микроскоп кој ја забележува силата на атомите, за да се види како варира нивото на поврзување. Се открива дека силата на триење се зголемува секој пат бидејќи повеќе хемиски врски имаат шанса да се формираат. На ваков начин, истражувачите можат да откриваат зошто некои врски се креираат полесно, а за други е потребно повеќе време.

Со сето ова, можеби ќе може полесно да се објасни што се случува на почетокот од контактот, а можеби еден ден и да се предвиди кога точно ќе се случи земјотресот.