Како би изгледал „La La Land“ во режија на Дејвид Линч

Како би изгледал „La La Land“ во режија на Дејвид Линч

Подготвил: Маја Пероска

Ако сте го гледале популарниот мјузикл „La La Land“, знаете дека се работи за инспиративна и весела љубовна приказна со многу танцување, песни и бои. Но, дали сте подготвени добро да се преплашите?


Генијалниот режисер Дејвид Линч, мајстор на надреализмот, а филмови создава веќе половина век. Мрак, тајни, мистерии, напнатост која води до лудило, тоа се само неколку обележја на неговата работа. Но, од него сигурно не би очекувале да сними мјузикл.

Некој се досетил приказната „La La Land“ да ја претвори во напната, мрачна драма на Линч.

Песните се заменети со најавната тема од „The Elephant Man“, а во неколку кадри кога Рајан Гослинг изговара бесмислици ќе препознаете и „tribute“ кон „Twin Peaks“.

Погледнете како то би изгледало: