Најновиот тренд на тинејџерите за побрзо слабеење

Најновиот тренд на тинејџерите за побрзо слабеење

Подготвил: М.Д.

Повеќето лекари и експерти за јавно здравје веруваат дека луѓето пушат бидејќи се зависни од никотин. Но, група на научници од Универзитетот Корнел заклучиле дека тинејџерите кои имаат прекумерна тежина започнуваат да пушат за да ослабат.

пушење

Тие пушат со цел да ја контролираат телесната тежина, вели истражувањето. Пушењето е значително почесто меѓу тинејџерите кои мислат дека мораат да изгубат килограми.

Истражувањето за прв пат директно го поставило прашањето дали започнале да пушат за да ослабат. Во него биле анализирани речиси 10.500 деца на возраст од 11 години. Децата биле прашани за сопствената перцепција за тежината, дали се преслаби, дали се предебели или имаат соодветна тежина.

Девојките кои мислат дека се предебели, дури 225% почесто пушат за да ослабат, од оние кои сметаат дека имаат соодветна тежина. За момчињата, вишокот килограми помалку предвидува дека пушат, можеби затоа што притисокот од општесовот е помал.

Сепак и момчињата кои се дебели, имаат поголема веројатност (за 145%) да започнат да пушат за да ослабат, од момчињата кои имаат соодветна тежина. Ова помага во подобро разбирање зошто луѓето се однесуваат ризично.

Тинејџерското пушење е она што го загрижува општеството бидејќи оние кои започнуваат да пушат пред 20-та година, веројатно ќе продолжат и подоцна во животот. Истражувачите го примениле добро познатиот економски концепт за изведена побарувачка за да помогнат во објаснувањето на пушењето кај тинејџерите.

Изведената побарувачка се однесува на побарувачката на производот или услугите кои се последица од побарувачка на други услуги или добро. Тоа значи дека тие не посегнуваат по цигарите поради моментална удобност туку за да постигнат друга цел, односно да ослабат.

Научните истражувања покажуваат дека пушењето го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот.