Програма за стипендирање на Фондацијата Конрад Аденауер

Програма за стипендирање на Фондацијата Конрад Аденауер

Фондацијата Конрад Аденауер со задоволство ја најавува можноста за доделување стипендии неменети за поддршка на магистранти во Република Македонија. Рокот за аплицирање е 15 март 2017 година. За дополнителни информации Ве молиме да ја контактирате канцеларијата на Фондацијата во Скопје.

Фондацијата Конрад Аденауер, водена и посветена од принципите на првиот Федерален канцелар на Германија, е политичка фондација која оперира со два образовни центри и 21 образовна институција во Германија. Глобално, нашите претставништва имплементираат над 200 проекти во повеќе од 120 земји ширум светот. Седиштето на фондацијата е лоцирано во Берлин и во Свети Августин близу Бон.

Во Германија и низ светот промовираме политичка едукација и дијалог, засновани на принципите на слобора, правда и солидарност. Нашиот фокус е насочен кон зајакнување на демократијата, промовирање на Европската интеграција, интензивирање на трансатланските односи и имплементирање на развојни политики преку соработка.

Фондацијата ја отвара својата канцеларија во Скопје, Република Македонија на 1 јули 2000 година.

Во рамките на својата стипендиска програма Фондацијата доделува стипендии на талентирани студенти кои ги имаат комплетирано своите додипломски студии и имаат намера да го продолжат своето образование на соодветна Мастер програма на еден од универзитетите во Македонија. Од кандидатите се очекува да покажат интерес и ангажман во политичкиот и/или општествен живот,  како и  посветеност кон демохристијанските вредности. Програмата има за цел да идентификува и поддржи млади, талентирани луѓе, кои понатаму успешно ќе бидат вклучени во сите сфери на општеството: политиката, бизнисот, науката, медиумите, културата и граѓанските организации.

Апликантите треба да ги исполнат следните критериуми:
•    Да ги имаат комплетирани додипломските студии и да бидат прифатени на Мастер програма на еден од акредитираните универзитети во Република Македонија;
•    Да покажат солидни резултати за време на студиите;
•    Да имаат познавање од минимум еден странски јазик;
•    Да бидат активни во општествениот и политички живот на земјата;
•    Да покажат одлучност позитивно да влијаат врз политичкот, економскиот, образовниот или општествениот развој на Република Македонија;
•    Да покажат потенцијал за достигнување на највисоката позиција во својата кариера.

Потребни докумети за апрликација:

•    Формулар за апликација (објавен на веб-страната на Фондацијата);
•    Кратка биографија на англиски или германски јазик;
•    Мотивационо писмо на англиски или германски јазик;
•    Две препораки, од кои барем едната да биде од професор на универзитетот кој кандидатот го посетувал;
•    Уверение/потврда за завршени додипломски студии;
•    Потврда дека кандидатот е запишан на магистерски студии (потврдата може да биде доставена дополнително, по истекот на рокот за аплицирање).

Само селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју во фондацијата Конрад Аденауер. Формуларите за апликација, како и дополнителни информации во врска со стипендирањето се достапни на:

http://www.kas.de/mazedonien/en/pages/6690/

Апликациите може да бидат доставени по пошта, електронски или лично на следната адреса:

Фондација Конрад Аденауер
Ристо Равановски 8
MK-1000 Скопје
Email: skopje@kas.de

Ве молиме имајте во предвид дека апликациите пристигнати по наведениот рок нема да бидат земени во предвид.