Ако мислите дека овие јагоди се црвени, Ве лажат очите

Ако мислите дека овие јагоди се црвени, Ве лажат очите

Подготвил: М.Д.

Акијоши Китаока е професор по психологија на универзитетот Ритсумеикан, во Кјото, Јапонија. Тој стои зад повеќето оптички илузии кои најмногу мамат на интернет.

јагоди

Сега е популарен со нова, која неодамна ја поставил на социјалната мрежа Твитер:

Иако јагодите изгледаат црвени, нема црвени пиксели на сликата:

бои


Како е направена илузијата?

Постојаност на боја – мозокот се обидува да ја поправи бојата на светот на различна светлина – очекува да види црвени јагоди, па се обидува.

Бевил Конвеј, експерт од Националниот очен институт, изјавил:

„Ако замислите како пешачите наоколу, надвор под сино небо, тоа синило, во некоја смисла, загадува со бојата сѐ што гледате. На оваа слика некој многу умно изманипулирал, така што објектите што ги гледате го одразуваат она што е ахроматско или во сива нијанса, а изворот на светлина што го толкува мозокот е на сцена во заруменета варијанта.“