Уживајте во викендот, од понеделник пад на температурите

Уживајте во викендот, од понеделник пад на температурите



Денес е петок, 3 март 2017 година, 62-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:01, а ќе зајде во 17:30 часот. Денот ќе трае 11 и 29 минути.


Во Македонија во утринските часови имаме сончево и постудено време. Појава на локална облачност имаме во крајните југоисточни предели, но и таму во наредните часови ќе биде претежно ведро.

МАКЕДОНИЈА – Петок го започнеме со студеното утро и со утрински температури кои ќе се движат во интервал од -4 до 5 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на максималните температури кои ќе достигнат до 10 односно до 19 степени, температури кои што ќе бидат за 3 односно до 8 степени над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во текот на денот ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска сончево и топло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 17 степени

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота сончево и топло време, утринските температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 12 односно до 20 степени. Во недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топловреме , утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 0 до 8 степени, додека пак максималните ќе останат идентични како и во сабота од 12 до 20 степени. Во понеделник и вторник се очекува дестабилизација на времето и ќе биде умерено облачно време со врнежи од дожд, утринските температури од 0 до 8 степени, додека пак максималните дневни од 6 до 14 степени.

Weather4all.com.mk