Земјата која ви нуди интервју за работа со платен пат и одмор

Земјата која ви нуди интервју за работа со платен пат и одмор

Подготвил: Тамара Гроздановски

ИТ индустријата во Нов Зеланд бара да регрутира работници од сите делови на планетата.

земја

Програмата „Looksee Wellington“ во соработка со „Wellington Regional Economic Development Agency“ на 100 кандидати ќе им овозможи интервју за работа, а кандидатите ќе добијат и бесплатна обиколка околу оваа земја со сите платени трошоци.

За возврат, сите кандидати мораат да се појават на интервјуто за работа со водечката ИТ компанија во градот, како и на туристичките состаноци кои ќе се организираат ширум земјата.

После неделната задача, компанијата на најдобрите кандидати ќе им понуди и договори. Пријавувањето е отворено до 20 март, а разговорие за работа и обиколката на земјата ќе бидат закажани помеѓу 8 и 11 мај.

Работата е одлично платена, а изворот наведува дека примањата ќе бидат слични како оние кои минатата година ги обезбеди „Netflix“ за шоуто „Grammsters“, кое на кандидатите им плаќаше 2.000 долари неделно.