Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
date-icon Активен до: 01.04.2017
 

Стипендии за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации на државните универзитети во Народна Република Кина

 
Владата на Народна Република Кина за академската 2017/2018 година доделува 18 стипендии за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации на државните универзитети во Народна Република Кина и 3 стипендии во рамки на Централно-Источно Европската програма за медицина на државните универзитети во Народна Република Кина.

Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават електронски на www.csc.edu.cn/laihua или на www.campuschina.org, агенциски број 8071, а потоа, пополнетата апликација во хартиена форма, заедно со следните документи:

Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (редовни- додипломски студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,

- Фотокопија од дипломата за завршено високо образование (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

- Фотокопија од уверението за положени испити (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

- План за студиите (до 200 зборови за редовни додипломски студии, до 500 зборови за специјализации и до 800 зборови за магистерски студии),

- Две препораки од универзитетски професори (магистерски студии и специјализации),

- Кратка биографија,

- Писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации на http://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),

- Лекарско уверение (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот.

- Потврда за познавање на англиски или кинески јазик (HSK сертификат),

- Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи, треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).

во три примероци (еден оригинал и две копии) се доставуваат до Министерството за образование и наука на ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, Република Македонија, со назнака – апликација за стипендии за студирање во Народна Република Кина.

Краен рок за поднесување на електронските апликации е 01.04.2017 година, додека доставувањето на потребните документи до Министерството за образование и наука трае до 04.04.2017 година.

Подетални информации можат да се обезбедат на интернет страниците http://www.campuschina.org или http://en.csc.edu.cn/studyinchina.

Лице за контакт во Министерството за образование и наука: Олга Дуковска-Атов, тел: 02 3140 185.

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2017 година.
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Република Македонија.
date-icon Активен до: 01.04.2017
 
Објавено на 04.03.2017 во категорија Стипендии
Тагови:
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Стипендии