Повик за практиканти во ПРЕДА Плус

Повик за практиканти во ПРЕДА Плус



Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус, во рамки на своето претставништво во Скопје, објавува повик за практиканти чие ангажирање ќе опфаќа учество, обука и придонес во тековните проекти кои се имплементираат, под директно менторство на вработените во Фондацијата.

ПРЕДА Плус работи посветено на проекти за зголемување на вработливоста на младите и промовира соработка со динамични, амбициозни и талентирани млади професионалци кои размислуваат креативно, прогресивно и се мотивирани за работа во граѓанскиот сектор.

Во моментот, ПРЕДА Плус има потреба од практиканти за следниве области на делување на Фондацијата:

1. Истражување и анализи
• Прибирање податоци од примарни и секундарни извори и нивна анализа
• Систематизирање и објавување на наоди (како публикации на Фондацијата)

2. Комуникација и администрација
• Ажурирање на социјални медиуми (Facebook, Twitter, LinkedIn)
• Организација на настани и логистика
• Активности на администрирање и документирање

3. Мултимедија
• Придонес во креативни решенија за визуелизација на податоци, информации, наоди и резултати од истражувачката работа
• Изведба на визуелни решенија: графикони, инфографикони, видеа, и познавање на Adobe Photoshop, InDesign.

Потребни квалификации и вештини
• Додипломски/магистерски студии во тек или стекнато звање во следниве области: економија, е-бизнис, правни/политички науки, графички дизајн, мултимедија, лингвистика.
• Одлично познавање на англиски јазик
• Компјутерска писменост
• Тимски дух
• Прецизност и внимание кон детали во работењето
• Навременост и почитување на зададени рокови

Документите кои ги докажуваат горенаведените барања, заедно со писмо за пријава и мотивациско писмо (една страна, со назнака на областа за која се пријавуваат), да се достават по електронски пат на career@predaplus.eu најдоцна до 13 март 2017 со назив “Повик за практиканти”.

Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на евалуираните апликации по што кандидатите од потесниот избор ќе бидат повикани на интервју. Позицијата предвидува платена пракса со времетраење од три месеци, со можност за продолжување на истата или вработување во Фондацијата, по спроведена евалуација на резултатите од практикантската работа.