Што сѐ ќе можеме кога 5G ќе стане стандард?

Што сѐ ќе можеме кога 5G ќе стане стандард?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Следната генерација на безжично пренесување на податоците нема да донесе побрзо отворање на Фејсбук или побрзо испраќање на фотографии, туку ќе се користи во автономните автомобили, телемедицината, виртуелната реалност...

5г

Технологијата 5G би можела да ни ги промени животите. За неа се зборува веќе некое време, но сега резултатите од раните истражувања и развој започнуваат да покажуваат колку далеку може да нѐ одведе мрежата која е сто пати побрза од денешната мобилна мрежа и десет пати побрза од приклучокот на интернет во нашите домови.

Но, не е брзината сѐ. Чекорот кој ќе го направиме пред преминување од 4G на 5G ќе биде далеку поголем и покомплициран отколку што беше преминот од 3G на 4G. Комбинација на брзината, одговорот и опсегот би можеле да отклучат многу можности кон други популарни технолошки трендови и да им дадат силен поттик на автономните автомобили, дронови, виртуелна реалност и интернет на нештата.

Оваа технологија на иднината би можела да стигне порано отколку што очекуваме, иако индустриските гиганти сѐ уште се расправаат околу деталите за тоа како ќе функционира.

Што би овозможила мрежата 5G?

Хируршки зафати на далечина

Собрзината, најголемата предност на 5G е ниската латенција, односно времето на повикот. Иако повеќето од нас тоа и не го забележуваат, мрежите 4G LTE имаат повисока латентност. Со мрежите на оваа генерација, на пример, хирурзите би можеле да изведат постапка на пациентите, а да не се наоѓаат во иста просторија со нив.

„Ericsson“, во соработка со стартапот „NeuroDigital Technologies“ и докторите од болницата од Кралскиот колеџ во Лондон, искористиле кукла-пациент за да прикажат дека хирургот може со помош на конзола за виртуелна реалност и специјални ракавици, да управува со роботска рака која изведува реална операција на оддалечена локација. Ракавицата е опремена со мотори за хаптичка повратна спрега која зуе кога ќе се допре орган во куклата, давајќи чувство дека навистина допирате.

Интернет чувство

Повратната спрега за хируршки зафати е само еден пример за тоа каква улога чувството би можело да има во 5G мрежите. За да може да се пренесе ова чувство, со помош на хаптички повратни спреги можат да се симулираат и други, и со тоа да се зголеми доживувањето на видеото. Уште една симулација на „Ericsson“ ќе ве смести на местото на возач на автомобил. Благодарение на системот за повратна спрега вграден во седиштето, можете да почувствувате како возите над лежечки полицајци. Освен за симулација, оваа технологија би можела да има примена и во индустријата. Да речеме, за човечки надзор на раоботите на производна линија.

Автономни автомобили


Иако пионерите како „Google“ и „Uber“ наголемо вложуваат во автономни автомобил, голем дел од автомобилската индустрија сѐ уште не верува дека автономните возила би биле можни без 5G мрежа, која на автомобилите ќе им овозможи комуникација без меѓусебно запирање и со сензори вграениво сообраќајните знаци, уличното осветлување, бензинските пумпи...

Беспилотни летала

Слично како со автономните возила ќе биде и со беспилотните летала. 5G мрежата ќе овозможи прецизно управување и одличен пренос на податоци, па дроновите ќе можеме да ги користиме за контрола на нафтени извори, од близу или од далеку, со видео пренос во живо.

Виртуелна реалност

5G мрежите би можеле да ни овозможат брборење во живо во реално време во виртуелни светови пренесени во живо.

Нови широкопојасен пристап на интернет


Мрежата 5G би можела сотекот на времето не само да надополни туку и целосно да го замени широкопојасниот интернет каков што го знааеме денес.