Сиромашни сме бидејќи не го користиме единствениот непресушен ресурс - образованието!

Сиромашни сме бидејќи не го користиме единствениот непресушен ресурс - образованието!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Една од причините зошто сме толку сиромашни е бидејќи не го користиме единствениот непресушен ресурс - образованието, вели познатиот српски професор Миодраг Зец.

zec

„Ги извезуваме децата од математичките гимназии, а добиваме реалити програми. Евтината работна рака ја имаме бидејќи ја прифативме мантрата на монтирање само левото тркало“.

Темата за сиромаштијата отсекогаш била политичка тема, вели професорот и додава дека во СФРЈ бевме сиромашни бидејќи едни ни правеле едно, а други ни земале друго. Сега сме сами, па повторно сме сиромашни бидејќи бевме и останавме политичко општество каде распределбата се одвива преку политичка моќ, вели Зец.

„Социјалниот производ кај нас се третира како котел во кој ретко нешто се фрла, а оној кој ја држи лажицата му дава на оној кој му е симпатичен“, илустрира професорот.

Еден од клучните ресурси за општествено богатство или сиромаштија е образованието, а кај нас тоа е „во урнатини“, па оној кој учи е бубалица, оној кој не препишува е будала, а оној кој ја плаќа сметката навреме е идиот.

Тој потсетува на случајот со Хенри Форд, производител на автомобили кој во Детроит ги собрал најдобрите мајстори и инженери за да му направат автомобили. За тоа, драстично им ги зголемил платите. Поради овој потег тој претрпел критики од колегите индустријалци, а тој им одговорил дека не може да повика луѓе да произведат нешто што е комплицирано и скапо, а тие да не можат да го купат.

Тој додава дека нашето општество не го има балансирано производството на знаењето и побарувачката за знаењето.

„Ако целата земја ја поставите според интересите на глобалните компании, тие само го бараат тоа - работна сила од 18 до 38 години, оние кои ќе монтираат лево тркало, а оние кои се на врвот - инженерите и докторите ќе си одат. Останува само работната сила. Ако во производството добивате само дел од нешто, резултатот заминува некаде.