Хокинг: Без „светска влада“ технологијата може да го уништи човештвото

Хокинг: Без „светска влада“ технологијата може да го уништи човештвото

Подготвил: Маја Пероска

Технологијата мора да биде контролирана за да се зачува иднината на човештвото, предупредува Стивен Хокинг.


Физичарот, кој зборуваше за опасностите од вештачката интелигенција, сега вели дека единствена надеж е „светска влада“. Тој смета дека нашата логика и разум се можеби единствениот начин за да се порази растечката закана од нуклеарна и биолошка војна. Иако вели дека „светската влада“ би била оптимално решение, сепак и тука постои закани тоа да премине во тиранија.

Сепак, Хокинг е оптимист. Тој мисли дека човечката раса ќе се издигне и ќе успее да справи со предизвиците. Хокинг неодамна ги посочи преголемата населеност на Земјата, климатските промени и болестите како некои од заканите со кои се соочува нашата планета. Хокинг тврди дека човекот создал технологија која може да ја уништи Земјата и дека мораме повторно да се обучуваме за нов свет каде што роботите можат да заменат многу од секојдневните работи.

За да избегнат споменатите закани, човештвото мора да колонизира други планети, а за тоа ќе бидат потребни повеќе и од 100 години, смета Хокинг.