Најбучните градови во светот

Најбучните градови во светот

Подготвил: Маја Пероска

Полициски сирени, сообраќаен метеж. Ова е само дел од бучавата која ја има во големите градови во светот, на која луѓето кои живеат во нив се веќе навикнати.


Германските истражувачи собрале информации од околу 20 илјади тестови за слушање ширум светот. Истражиле можна корелација помеѓу живеење во град и прерано губење на слухот, користејќи ја апликацијата „Mimi data“.

Ја пресметале возраста на учесниците и создале 64 процентна позитивна корелација со „звучната загаденост“ во градовите. Заклучиле дека губењето на слухот може директно или индиректно да произлегува од живеењето во град со изразена бучава.

Топ 10 најбучни градови:

1. Гуангзоу, Кина
2. Делхи, Индија
3. Каиро, Египет
4. Мумбаи, Индија
5. Истанбул, Турција
6. Пекинг, Кина
7. Барселона, Шпанија
8. Мексико Сити, Мексико
9. Париз, Франција
10. Буенос Аирес, Аргентина

Топ 10 најмалку бучни градови:

1. Цирих, Швајцарија
2. Виена, Австрија
3. Осло, Норвешка
4. Минхен, Германија
5. Стокхолм, Шведска
6. Дизелдорф, Германија
7. Хамбург, Германија
8. Портланд, САД
9. Колоња, Германија
10. Амстердам, Холандија