Програм за волонтерска работа во ЦНВП Македонија

Програм за волонтерска работа во ЦНВП Македонија

ЦНВП-Организација за поврзување на природни вредности и луѓе, како здружение на граѓани во согласност со законот за волонтерство организира волонтерска работа во својата канцеларија во Скопје. Преку вклучување на волонтери во нашата работа се стремиме кон подобрување на квалитетот на работата и воедно го промовираме волонтерството и општествената одговорност кај младите и младите професионалци во заедницата. Истовремено ги зајакнуваме капацитетите и вештините на волонтерите и им овозможуваме да се стекнат со дополнителни знаења и искуство.

Во склоп на редовните активности на организацијата, предвидено е да се ангажира волонтер/ка кој/а ќе биде активно вклучен/а во работата на организацијата. Волонтерот ќе има можност да стекне практично искуство во следниве области:

• работа на проекти финансирани од разни донатори,
• комуникација и соработка со други граѓански организации, фондации и институции
• организација на настани, консултации со засегнати страни и спроведување на истражувања и анализи.
• надградба и зајакнување на сопствени капацитети преку стекнување со нови знаења и искуства
• учество на конференции, семинари и други образовни настани
• можност за идно вработување во случај на обезбедена финансиска поддршка

ЦНВП Македонија ја организира волонтерската програма во своите простории во Скопје. Ќе биде ангажиран/а еден волонтер/ка во период од 2 месеци. Волонтерот ќе има активности во просек по 40 часа неделно. За покривање на трошоците за храна и превоз, волонтерите ќе добиваат месечен надомест во бруто износ од 6.600 денари. Главни задачи на лицето кое ќе биде ангажирано како волнотер се:

• подготовка на информативни материјали за активности и иницијативи на организацијата;
• следење на тековни медиумски објави/настани од интерес за организацијата;
• поддршка во вршење истражувања и анализи;
• поддршка при организирање обуки и настани;
• присуство на состаноци и средби со партнерски организации/институции;
• други тековни активности од работењето на организацијата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
• Студент/ка во последна година на додипломски студии, студент/ка на постдипломски студии или дипломци/магистри
• Познавањето на Англиски јазик е од суштинско значење
• Солидни компјутерски вештини (Microsoft Word, Excel, PowerPoint)
• Солидни комуникациски вештини и способност за запазување на крајни рокови
• Апликантите треба да бидат под 30-годишна возраст

Заинтересираните кандидати може да аплицираат со испраќање мотивациско писмо (на англиски) и професионална биографија (CV) на anela.stavrevska@cnvp-eu.org заклучно со 19.03.2017 г.

 Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.