Оглас за вработување во КАБТЕЛ... СО и БЕЗ работно искуство

Оглас за вработување во КАБТЕЛ... СО и БЕЗ работно искуство

КАБТЕЛ Дооел - Скопје започна со своите деловни активности во септември 2001година. Веќе полни 15 години успешно работи и ги опслужува и најспецифичните потреби на своите клиенти. Дизајн, имплементација и одржување на целосни информациско - комуникациски системи базирани на најновите ИКТ-технологии за поддршка, раст и успех на нашите клиенти и партнери од сите сектори и индустрии се заштитен знак на КАБТЕЛ.

Нашиот тим е нашето највредно богатство и главната причина за нашиот успех. Успесите на компанијата се потпираат не само на нашите технологии, методологии и инфраструктура, туку и на придонесот и посветеноста на вработените. Во моментов имаме потреба од проширување на нашиот тим, на позиција:

Електро-техничари


Работни задачи и одговорности:
Познавање од електрични инсталации

Потребни квалификации:
Со и без работно искуство на иста или слична позиција
Пожелно е поседување на возачка дозвола

Ние ви нудиме:
Оспособување со специјализирана обука пред отпочнување со работа
Работа во динамична и современа компанија
Можност за развивање и континуирано персонално усовршување

Вашите CVa испратете ги на следната е-маил адреса: info@kabtel.com.mk

Ќе бидат контактирани само апликациите кои ќе влезат во потесен круг на селекција.