Оглас за вработување во Систина Офталмологија... Отворени се 2 (две) работни позиции

Оглас за вработување во Систина Офталмологија... Отворени се 2 (две) работни позиции

“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Поради проширување на својот тим, Систина Офталмологија објавува оглас за вработување на:

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Потребни квалификации:
Завршено средно стручно образование
Искуство во работа со клиенти
Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите

Одговорности и работни задачи:
Водење на општи административни деловодни работи
Прием и проследување на повици, проследување на документи
Прием и пречекување на странки
Деловна коресподенција

Личен профил:
Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
Одлични комуникациски и презентациски вештини
Аналитички способности, упорни и енергични
Професионален и позитивен однос
Љубезност, учтивост и хуманост
Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок

МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Потребни квалификации:
Медицинско образование - Положен државен испит
Со или без работно искуство
Пожелно е познавање на албански јазик
Работа со компјутери

Профил на личност:
Организираност и одговорност
Одлични комуникациски вештини
Професионалионален и љубезен однос кон клиентите
Способност за индивидуална и тимска работа
Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
Способност за работа под притисок и со кратки рокови

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: contact@sistinaoftalmologija.mk, со задолжителна назнака “За оглас за Административен работник” или „За оглас за Медицинска сестра“.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

За здравјето, најважни се знаењето и искуството бидејќи ЗА ЖИВОТОТ СЕ РАБОТИ!