Оглас за вработување во УНХЦР

Оглас за вработување во УНХЦР

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ "ПОДОБРУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ПРАВНА ЗАШТИТА ПО ОДНОС НА АЗИЛ И НАТУРАЛИЗАЦИЈА" ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАН ОД УНХЦР

Народниот правобранител поддржан од канцеларијата на Високиот комесар за бегалци на ОН, УНХЦР за потребите на проектот "Подобрување на системот за правна заштита по однос на азил и натурализација" има потреба од ангажирање на лице за работа на проектот на определено време, и тоа:

Информатичар (едно место)
Избраниот кандидат ќе му помага на Државниот советник во канцеларијата на Народниот правобранител по однос на одржување на информатичкиот систем, веб страната на институцијата, како и внесување на потребните податоци во базата на податоци на Канцеларијата. Кандидатот ќе работи на инсталирање хардверска опрема, како и изготовка на извештаи.

Потребни квалификации:
-    Стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен Информатички науки
-    Добро познавање на англиски јазик
-    Добро познавање и претходно работно искуство во областа на човековите права и слободи
-    Најмалку 10 години работно искуство

Работно време од 08:00 часот до 16:00 часот, неделно работно време 40 часа

Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за изразување интерес, кратка биографија и копија од степенот на образование кое се бара за соодветното работно место. Потребната документација да се достави на следната е- маил адреса: sdimitrievska@ombudsman.mk со назнака во Subject "Оглас за вработување".

Рокот за пријавување е до 15 март 2017 година до 16 часот.