Скопското астрономско друштво организира курс по астрономија
Основните принципи и факти од областа на астрономијата можете да ги дознаете на „Воведниот курс по астрономија“ кој почнува вечерва, во 20 часот на Факултетот за електротехника и информатички тхнологии (ФЕИТ), а го организира Скопското астрономско друштво. Преку курсот, заинтересираните ќе се запознаат со астрономските термини и објектите преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.
Предвидени се десет термини, два пати во неделата. Два од нив ќе се одржат во Планетриумот при Младинскиот културен центар.