Научниците создадоа нов вид челик, најцврст досега

Научниците создадоа нов вид челик, најцврст досега

Подготвил: Б.Б.


Човечки коски
(Фото: Cori Kindred/Flickr)

Новиот вид челик, инспириран од структурата на човечките коски, е поцврст од кој било досега, а можно е да биде во состојба самиот да ги санира пукнатините што би се појавиле во него, пишува The Verge.

При создавањето на поцврст вид челик, научниците ја зеле предвид структурата на човечките коски, кои се лесни, но не се кршливи, благодарејќи на внатрешноста која наликува на решетка, поврзана на начин што дава отпор кон надворешниот притисок. Таквата структура се нарекува хиерархиска микроструктура.

Научниците се обиделе да го имитираат добивањето на челик на сличен начин, се вели во студијата објавена во списанието Science

Во настојувањата да создадат што поотпорен материјал, новиот вид челик е добиен со преклопување на слоевите, што значи дека при појава на пукнатина во еден слој, нема да се прошири и врз останатите.

Различни делови од слоевите имаат различна тврдост, што резултира со поголема цврстина на материјалот.

Овој материјал сè уште не е тестиран во реални околности, но во споредба со останатите видови, научниците утврдиле дека е најотпорен кон создавање на микропукнатини. Новата структурална техника би можела да биде од корист и во другите истражувања кои се обидуваат да создатат и други материјали со поголема цврстина.